ВИДЕО: Овечкин го собори НХЛ-рекордот на Грецки во гостински голови

Алекс Овечкин руши рекорди во НХЛ лигата/ фото: EPA/MARK GOLDMAN

Русинот го постигна својот 403. гол на гостински терен во кариерата со што за еден гол го надмина рекордот на Грецки. Овечкин се уште е далеку од апсолутниот рекорд во постигнати голови на Канаѓанецот

Суперѕвездата на хокејарскиот тим Вашингтон капиталс, Русинот Александар Овечкин, стана најдобриот стрелец на гостински терен во историјата на НХЛ лигата и има статистика за да го потврди тоа.

По неговиот втор гол на гостувањето во вторникот против Ванкувер канукс, Овечкин конечно го симна легендарниот Вејн Грецки од врвот на топ-листата на НХЛ за најмногу голови во кариерата на гостинска територија.

Со два гола во првиот период од мечот, Алекс Овечкин постигна вкупно 403 гола на гостински терен во својата кариера, со што го надмина со еден гол Грецки, кој дотогаш беше рекордер.

Овечкин сега има вкупно 793 постигнати гола во кариерата, осум помалку за да се изедначи со Горди Хау за второто место на оваа топ-листа на најсилната хокејарска лига на светот. Прв на таа листа е ненадминливиот Грецки кој има вкупно 894 гола во кариерата.

За да го собори и овој рекорд на Грецки, на Овечкин (37) ќе му требаат уште неколку сезони, а „математичарите“ во овој спорт велат дека тоа ќе се случи во сезоната 2025/2026, ако Русинот игра дотогаш. Грецки се пензионира во 1999 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот