ВИДЕО | Откриено зошто селекторот на Австрија возеше со електричен велосипед во Зеница
Селекторот на австриската фудбалска репрезентација, Ралф Рангник, предизвика особено внимание за време на квалификацискиот натпревар за Светското првенство против Босна и Херцеговина во Зеница.
Препорачано
Поради неодамнешната операција на глуждот, германскиот стручњак возеше електричен велосипед низ теренот.
– За жал, мојот глужд сè уште не е во добра состојба – рече 67-годишниот Рангник.
Тој беше подложен на операција на стапалото во јуни. Рангник го помина целиот терен со велосипедот за да стигне до своето место на клупата.
– Бидејќи знаевме дека патиштата тука се доста долги, сè уште не можам да одам толку многу, не беше можно да организираме количка за голф поради ширината, па затоа ја избравме оваа опција со електричен велосипед – рече Рангник.
За потсетување, најдобрите австриски фудбалери ја совладаа Босна и Херцеговина со 2:1 во мундијалските квалификации.
Überragend: Verletzter #Rangnick düst mit dem eBike zum Pausentee. #BIHAUT #ÖFB pic.twitter.com/7Twq6VfrVs
— Jochen Tittmar (@teiteteemaer) September 9, 2025


