Скакулци во Сахара/Фото: Скриншот

ВИДЕО | Огромни роеви скакулци ги изненадија возачите во Сахара

Возачите што ја преминуваат пустината Сахара се соочиле со огромни роеви скакулци кои ја ограничуваат видливоста и предизвикуваат проблеми за патниците.

„Поминавме низ неколку роеви скакулци и успеавме да ги фатиме најлошите од нив на мојата камера“, изјави за „Вашингтон пост“ Салах Абделхади, кој го снимил видеото.

Скакулците, кои се движат со помош на ветровите, можат да патуваат до 160 километри дневно.

Според Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации, скакулците – а особено пустинските скакулци – се сметаат за најразорниот миграторен штетник во светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот