Фото: Инстаграм

ВИДЕО | Одлично игра, уште подобро пее: Ќерката на Тамара Тодевска има неверојатен глас

Ќерката на пејачката Тамара Тодевска, Хана, има неверојатен музички талент, наследен од музичкото семејство на својата мајка. Дека добро игра, може да се види од бројните видеа кои Тамара ги објавува на својот Инстаграм профил, но дека одлично пее, е вистинско изненадување за следбениците на пејачката.

Имено, Тамара ја снимаше Хана додека го пее актуелниот хит „Die With A Smile“ од Лејди Гага и Бруно Марс, а на крајот од песната ја пофали за изведбата.

 

 

Тамара објави уште едно видео во кое може да се слушне како сите семејно уживаат во пеењето додека се возат во автомобил.

 

 

Инаку, Тамара од бракот со Александар ги има двете деца Хана и Дарен. По разводот, пејачката започна љубовна врска со архитектот Лука кој, како што вели, е нејзина голема љубов и поддршка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот