ВИДЕО | Објавен е трејлерот за петтата сезона на „Круната“: Дали ќе биде прикажана смртта на принцезата Дијана?

Instagram

Објавен долгоочекуваниот трејлер за петтата сезона на серијата „Круната“ на „Нетфликс“. Дејствието е сместено во турбулентните деведесетти и го следи почетокот на крајот на бракот на принцот Чарлс и принцезата Дијана, но нема да ја покаже нејзината смрт.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Netflix US (@netflix)


Што се однесува до приватниот живот на кралското семејство, петтата сезона ќе се занимава со заладените односи меѓу принцот Чарлс и принцезата Дијана, како и притисокот што Чарлс го извршил врз кралицата за да му дозволи да се разведе од Дијана.

Како што се шират гласини за статусот на врската на Чарлс и Дијана, медиумите ѝ посветуваат сè поголемо внимание, па Дијана решава да го прекрши протоколот и да објави книга што ја поткопува јавната поддршка за Чарлс и ги разоткрива проблемите во Куќата Виндзор.

Во новата сезона ќе се појават и Мохамед ал-Фајед и неговиот син Доди Фаед, кои сакаат да добијат „место на кралската маса“, се вели во официјалниот опис на Нетфликс. Но, петтата сезона на „Круната“ нема да ја прикаже трагичната смрт на Дијана во 1997. година, туку тој настан ќе се случи дури во шестата сезона, која моментално се снима.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Crown (@thecrownnetflix)


Луѓето ширум светот не престануваат да ја обожаваат, сакаат, сожалуваат Лејди Ди, но оваа серија ги разбранува духовите на многумина бидејќи „фикцијата“ ја направи премногу реална.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот