ВИДЕО: „Ножичките“ на Мектоминеј беа спектакуларни, го надмина дури и Роналдо
Фудбалерите на Шкотска во последното коло од квалификациите ја совладаа Данска со 4:2 и изборија пласман на Светското првенство, а голот на Скот Мектоминеј беше вистинско ремек-дело. Шкотска поведе уште во третата минута кога Бен Док нафрли од десната страна, а Мектоминеј маестрално со „ножички“ ја затресе мрежата на Каспер Шмајхел.
Препорачано
Токму тој погодок го отвори патот за шкотскиот триумф од 4:2, а педантните статистичари пресметаа дека Мектоминеј во моментот на ударот со топката се наоѓал на висина од 2,53 метри.
Majestic. Magic. McTominay.#WCQ | @ScotlandNT pic.twitter.com/SRvJznFuqy
— UEFA EURO (@UEFAEURO) November 20, 2025
За каков импресивен подвиг станува збор покажува и фактот дека за цели 18 сантиметри го надминал славниот гол на Роналдо од четвртфиналето на Лигата на шампионите во сезоната 2017/2018.
Тогаш Португалецот во Торино, против Јувентус, погоди со „ножички“, а топката ја удри на висина од 2,35 метри. Се чинеше дека тој потег нема да биде надминат и навистина не беше, сè до мајсторијата на Мектоминеј, која засекогаш ќе остане запаметена како еден од најубавите голови во историјата на квалификациите за Светското првенство.
View this post on Instagram


