ВИДЕО: Новиот претседател на италијанскиот Сенат во дневната соба чува биста на Мусолини

фото: Твитер

Италијанскиот десничарски политичар Игнацио Ла Руса, кој денеска на првата седница на новиот парламент беше избран за претседател на Сенатот, во својата дневна соба чува биста на италијанскиот фашистички диктатор Бенито Мусолини.

Како претседател на Горниот дом на парламентот во Рим, 75-годишникот ја презема втората највисока функција во Републиката по претседателската функција. Тој доби 116 сенаторски гласови од потребните 104. Ла Руса е партиски колега на Џорџија Мелони, која треба да стане премиерка во наредните денови, од екстремно десничарската партија Браќа на Италија.

Игнацио Ла Руса е роден на 18 јули 1947 година во Патерно во близина на Катанија, Сицилија, а неговото средно име е Бенито. Тој дава контроверзни изјави за италијанската историја и фашизмот. Во предизборната кампања тврдел дека сите Италијанци се наследници на il Duce, што е прекар на Мусолини и значи водач.

За време на пандемијата на коронавирус, Ла Руса ги советуваше Италијанците на социјалните мрежи да престанат да се ракуваат и да го покажат фашистичкиот римски поздрав, што е аналогно на поздравот на Хитлер во нацистичка Германија. Во интервјуто пред четири години, Ла Руса гордо ја покажа својата дневна соба со побожни предмети и биста на Мусолини.

Кориере го посети неговиот дом во Милано во 2018 година и ја фотографираше неговата колекција на фашистички сувенири, која вклучува бисти и медали на Мусолини, фотографии и книги за Црните кошули и колонијалната Италија. Тој е обожавател на американската историја, а своите три сина ги именувал по индијанските племиња или воини – Антонино Џеронимо, Лоренцо Кочис и Леонардо Апаче.

Што може да очекува Европа од првата жена премиер на Италија?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот