ВИДЕО | Нов скандал во Кан: Актерка ја турна жената од обезбедувањето која се расправаше со Кели Роланд

Фото: Принтскрин/ Икс/ PopCrave

Уште еден скандал изби на црвениот тепих во Кан. Истата жена кој пред неколку дена се караше со Кели Роланд, сега се скара и со актерката Масиел Таверас. Таа сакаше да го расплетка фустанот со ликот на Исус, но жената од обезбедувањето ја запре.

Некои го осудуваат однесувањето на манекенката и актерка Масиел Таверас, додека други ја бранат и тврдат дека жената од обезбедувањето имала проблеми и со други гости, како Кели Роланд.

На снимката од расправијата се гледа како Таверас им пркоси на упатствата и го распостила нејзиниот фустан по скалите, пред ситуацијата да ескалира до тоа што актерката ја турка женаата од обезедувањето додека влегува на настанот. Не е јасно што точно го предизвикало конфликтот, само три дена по сцената со Роуланд.

Месиел не го коментирала инцидентот, додека Џанина Азар, дизајнерката на фустанот што го носеше манекенката, објасни преку социјалните мрежи што всушност се случило.

„Не ја избркаа, таа спектакуларно прошета по црвениот тепих, но на влезот во театарот каде што се прикажуваше филмот имаше проблем поради фустанот кој беше екстремно долг“, коментирала дизајнерката во објава на нејзиниот Инстаграм профил

Според Азар, жената се обидела да ја забрза Масиел додека таа одела по црвениот тепих, на нејзино незадоволство.

„Непристојното обезбедување сакаше таа да претрча во театарот, а вие треба да оставите простор и да го почитувате уметникот да се движи полека, а не како што тие бараат“, рече таа.

„Персоналот бил агресивен“: Откриено зошто Кели Роланд се расправала со обезбедувањето на Канскиот филмски фестивал

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот