„Персоналот бил агресивен“: Откриено зошто Кели Роланд се расправала со обезбедувањето на Канскиот филмски фестивал
Американската пејачка Кели Роланд (43) имала вербална расправија со обезбедувањето на црвениот тепих во Кан, а низ социјалните мрежи се проширија видеа и фотографии од конфликтот.
Препорачано
Во изјава за „Дејли мејл“, извор сега ја откри причината за расправијата. Наводно, членовите на персоналот на фестивалот биле агресивни, а на пејачката ѝ здодеало таквото однесување.
„Луѓето задолжени да им помогнат на ѕвездите да одат по црвениот тепих беа агресивни и Кели се обиде да го игнорира тоа. Кога стигна до последната жена, ѝ беше доста и ѝ рече да се движи за да може да ги поздрави обожавателите и да позира за папараците“, тврди изворот.
„Не ѝ е грижа дали изгледа како дива бидејќи знае дека се залага за себе. Не се преправа и сакаше да постави јасна граница“, додал тој.
Да потсетиме, Кели Роланд им позираше на фотографите, а потоа почна да се качува по скалите во придружба на обезбедувањето. Но, во еден момент дошло до жестока расправија со обезбедувањето.
Како што може да се види на видеото, таа делува многу бесно. Прво ја потапшала жената од озбедувањето, а потоа почнале да разговараат. Во тој момент, пејачката пукнала – се намрштила и почнала да вика.


