Серена Вилијамс пред и потоа / Фото: Инстаграм/Серена Вилијамс

ВИДЕО | Нов шок од Серена Вилијамс: Откако ослабе 14 килограми, се соблече по гаќи и танцува на шипка!

Славната поранешна тенисерка Серена Вилијамс откри дека ослабела 14 килограми за една година, а се чини дека нема да застане тука. Иако нејзината трансформација наголемо се коментира, таа успеа сериозно да ги налути своите обожаватели.

 

Тригер беше рекламата за лек за слабеење што се емитуваше во текот на неодамнешниот Супербоул. Серена Вилијамс, како заштитно лице на брендот „Ро“, е главна ѕвезда на кампањата што ги промовира ГЛП-1 препаратите. Многумина беа разочарани поради таа промоција, па со чудење се прашуваат: „Најдобрата тенисерка во историјата, а го прави ова?“.

За разочарувањето придонесе и најавата дека Серена Вилијамс во таа реклама ќе го објави своето враќање на тенисот, а наместо тоа нејзините обожаватели добија ваков вид промоција. Додека ваквите критики земаат замав, таа објави видео на Тикток со пораката: „Се враќам на тренирањето на моите два омилени реквизити“. Серена покажа како танцува околу шипка.

 

@serenaI’m back to training on my 2 favorite devices.♬ Check On It Bounce – ARNETT

Долго време се шпекулираше дека славната тенисерка користела лек што го користат дијабетичарите за да го победи вишокот килограми. Во Холивуд владее многу опасен тренд на т.н. „диета со оземпик“, која може да има исклучително ризични последици, па затоа е важно да се нагласи дека споменатата средство може да се користи само по совет на лекар.



Серена откри за „Вог“ дека земала „zepbound“, кој спаѓа во групата лекови ГЛП-1.
Тоа е природен хормон кој помага во регулирањето на шеќерот во крвта и апетитот, а се наоѓа и во лекот за дијабетичари. Исто така, смее да се зема само со дозвола од лекар.

Тенисерката ја започна својата борба со килограмите по раѓањето на постарата ќерка Алексис Олимпија во 2017 година, а нејзината тежина варираше дури и по нејзиното второ породување во 2023 година, кога се роди нејзината помлада наследничка, Адира Ривер. За потсетување, Серена Вилијамс ги доби ќерките со сопругот Алексис Оханијан, соосновачот на Редит, со кого се омажи во 2017 година.

„Никогаш не успеав да ја достигнам посакуваната тежина, без разлика што правев и колку тренирав. Беше лудо, бидејќи никогаш во животот не сум била во ситуација каде што работев толку напорно, се хранев здраво, а не успеав да достигнам одреден број килограми. Во мојата кариера секогаш работев многу напорно. Знам што е потребно за да бидам најдобра. Затоа беше многу фрустрирачки да ги правам истите работи и никогаш да не го променам бројот на вагата и изгледот на своето тело“, изјави таа за Пипл.

Слабеењето влијаело и на нејзиното здравје, рече таа во емисијата „Тудеј“, нагласувајќи дека сега се чувствува одлично и „полесно и физички и ментално“, како и дека има помалку болки во зглобовите.

ФОТО | Тешко би ја препознале: Серена Вилијамс доживеала неверојатна трансформација

ФОТО | Серена Вилијамс се преполови: На новата фотографија што ја објави не личи на себе

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот