ФОТО | Серена Вилијамс се преполови: На новата фотографија што ја објави не личи на себе
Поранешната тенисерка Серена Вилијамс ги изненади своите обожаватели со нова фотографија на која ја покажа својата драстична физичка трансформација. На фотката, таа позирала пред огледало додека ги мие забите, носејќи сиви боксерки и маица без ракави.
Препорачано
Фотографијата брзо исчезна од нејзиниот профил, но се прошири по социјалните мрежи, а многумина се изненадиле колку се променила. Некои дури и изразиле и загриженост поради многуте изгубени килограми.
Серена веќе објасни дека изгубила над 14 килограми за осум месеци, користејќи лекови за слабеење.
„Имам впечаток дека многумина имаат стигма околу GLP-1 лековите и велат работи како: ’О, го земаат мрзливи луѓе‘ или ’Ако доволно вежбаш, не ти треба тоа‘. Од лично искуство знам дека тоа не е вистина. Понекогаш ти треба помош. Твојата приказна е твоја приказна и во ред е да донесеш таква одлука ако сакаш. Јас ја донесов и многу сум среќна поради тоа“, изјвила таа за „Вог“.
Serena Williams shows off her weight loss👀 pic.twitter.com/oU7ProSep6
— kira 👾 (@kirawontmiss) February 3, 2026
Серена додаде дека долго време се обидувала да ослабе, но не можела да постигне резултати:
„Мислам дека многу жени се соочуваат со сличен проблем, одиш во теретана, се храниш здраво, а сепак не можеш да стигнеш до тежината што сакаш. Сега се чувствувам полесно психички, посекси, самоуверено“.

По раѓањето на ќерката Алексис Олимпија во 2017 година, Серена имала проблеми со килограмите:
„Никогаш не можев да стигнам до тежината која ми беше потребна, без разлика колку тренирав и колку здраво јадев. Беше лудо, работиш напорно, јадеш здраво, а сепак не можеш да стигнеш до резултатот“.
Сличен проблем имала и по раѓањето на втората ќерка, Адира Ривер, во август 2023. Потоа започнала да истражува лекови за слабеење и, откако се едуцирала за нив, започнала да ги користи.
„Многу истражував. Се прашував: ’Дали е тоа кратенка? Кои се предностите, кои не?‘ Сакав да знам сè пред да започнам.“
Таа започнала со неделни инјекции околу шест месеци по раѓањето на Адира, кога престанала да дои.
View this post on Instagram
Серена објасни дека губењето на килограмите ѝ помогнало да се чувствува поенергично, полесно, и да има помалку болки во зглобовите.
„Изгубив повеќе од 14 килограми користејќи GLP-1 и многу се радувам. Можам повеќе да правам, посакувам активност. Многу ми е полесно кога се наведнувам или се движам. Имам многу енергија и тоа е прекрасно.“
Таа нагласи дека никогаш не се чувствувала под притисок да изгледа на одреден начин и дека лекот го користела за здрав живот, а не само за да биде послаба.
„Секогаш сум се чувствувала удобно во која било големина. Но, чувствував дека моето тело не ја сака таа тежина. Имав болки во зглобовите и во различни делови од телото поради вишокот килограми откако станаа мајка“.


