ВИДЕО: Нов гол на Алиоски во Премиер лигата, „бомба“ во мрежата на ВБА!

Фото: EPA-EFE/Shaun Botterill/POOL

Македонскиот репрезентативец го постигна и вториот погодок сезонава за Лидс јунајтед во Премиер лигата, овојпат на гостувањето кај Вест Бромвич.

После првото полувреме играчите на менаџерот Марсело Биелса водат убедливо со резултат 0:4.

Езџан Алиоски придонесе во таа позитива за зголемување на истата во 31 минута од средбата за 0:2.

Претходно автогол си постигна Сојерс, а за третиот и четвртиот погодок се погрижија Херисони Родриго.

Првенецот во Премиер лигата Алиоски го имаше пред две недели во триумфот над Њукасл.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот