ВИДЕО: Њујорк постави клупски рекорд, го прегази Бруклин со 54 поени разлика
Кошаркарите на Њујорк никс испишаа историја во НБА лигата, откако во градското дерби го декласираа Бруклин нетс со неверојатни 120-66 и ја забележаа најубедливата победа во клупската историја.
Препорачано
Никс уште од самиот почеток ја наметнаа доминацијата и по првата четвртина имаа убедливо водство од 38-20. Како што одминуваше натпреварот, разликата постојано растеше, а Бруклин целосно потфрли во финишот, каде што во последниот период постигна само десет поени. На крајот, Нетс мечот го завршија со 66 поени на своето конто.
Најрасположени кај победничкиот тим беа Џејлен Брансон со 20 поени и Ленгстон Шамет со 18, додека кај Бруклин најмногу се истакна Портер со 12 поени.
Убедлива победа на гостински терен оствари и актуелниот шампион Оклахома, која славеше кај Милвоки бакс со 122-102. Шеј Гилџус-Александер одигра маестрален натпревар и постигна 40 поени, додавајќи 11 асистенции. Кај домашните, најдобар беше Јанис Адетокумбо со 19 поени и 14 скока.
На останатите натпревари од ноќешната НБА програма, победи запишаа уште Кливленд, Бостон, Атланта, Детроит и Торонто.
ВИДЕО: Ѕвезда на Шарлот се посрамоти и го одигра најлошиот натпревар во историјата на НБА


