ВИДЕО: Ѕвезда на Шарлот се посрамоти и го одигра најлошиот натпревар во историјата на НБА
Кошаркарите на Кливленд славеа победа на гостувањето кај Шарлот хорнетс во „Спектрум центарот“ со 94-87, а натпреварот ќе остане запаметен по катастрофалното издание на домашната ѕвезда Ламело Бол.
Препорачано
Бол помина 22 минути на паркетот, но зад себе остави вечер за заборав, запиша седум асистенции, пет скока и само два поена, со неверојатно слаб шутерски учинок. Плејмејкерот на Хорнетс ги промаши сите 10 обиди за три поени, додека за два поена погоди само еднаш од пет обиди, што значи дека вкупно промаши дури 14 шута.
Со реализација од само 6,7 проценти од игра, Бол влезе во негативната историја на НБА лигата, бидејќи никој досега не завршил натпревар со ваков учинок. Кливленд уште до полувремето направи голема разлика и практично го реши прашањето на победникот, а домаќините во продолжението само успеаја да го намалат заостанувањето на конечни седум поени.
LAMELO BALL TONIGHT:
6.7% FG
1-15 FGM
0-10 3PMFirst player in NBA HISTORY to finish a game shooting 6.7% from the field 😭🔥pic.twitter.com/DiAFXAIwyg https://t.co/r65AWpMLis
— NBA Tour Dates (@NBATourDates) January 22, 2026
Најефикасен во редовите на Кавалирс беше Донован Мичел со 24 поени, исто толку колку што постигна и Брендон Милер, кој беше најдобар кај Шарлот.
Кливленд моментално се наоѓа на петтото место во Источната конференција со скор од 25 победи и 20 порази, додека Шарлот е на 12. позиција со биланс 16-28.


