ВИДЕО: Низ Скопје и цела Македонија се слави победата над „аѕурите“

Во Македонија се слави големата победа/ фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Веднаш по последниот свиреж на судијата Турпан со кој беше означен историскиот триумф на фудбалската репрезентација на Македонија над Италија од 1:0 во полуфиналето на бараж натпреварот за пласман на СП во Катар, граѓаните излегоа на улиците низ целата земја за да го прослават големиот успех.

Насмеани и распеани еуфорични лица во автомобили од кое се вееја македонски знамиња дефилираа низ улиците на сите градови низ Македонија, а еуфорично беше и во Палермо каде „фалангата“ продолжи да ја прославува големата победа над актуелниот европски шампион.

Големо славје по победата над Италија/фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот