ВИДЕО: Ниту Шевченко не може да ја разбуди Џенова

Сампдорија има слаб старт во новата сезона од Серија А/фото: EPA-EFE/SIMONE ARVEDA

Фудбалерите на Сампдорија славеа со 3:1 во најстарото дерби во Италија, „дерби дела Лантерна“ против Џенова во рамки на 17 коло од Серија А.

По поразот, Џенова за која настапува поранешниот капитен на македонската репрезентација, Горан Пандев, а од клупата ја предводи Андриј Шевченко, остана на претпоследното 19 место на табелата со 10 бода и во продолжение од сезоната ја очекува тешка борба за опстанок. Сампдорија се искачи на 14 место со 18 бода.

Човек на одлука беше напаѓачот на Сампдорија, Маноло Габијадини кој постигна два гола, првиот во седмата минута, а вториот во 67 минута за водство од 0:3. Претходно во листата на стрелци се запиша и Капуто.
Почесниот гол за Џенова беше дело на Матија Дестро во 78 минута. Горан Пандев ги одигра сите 90 минути за Џенова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот