Пандев и наредната сезона ќе биде дел од најстарото дерби во Италија, „Дерби дела Лантерна“ (ВИДЕО

фото. Nordic Stadiums

Првиот натпревар помеѓу Џенова и Сампдорија се одиграл во 1902 година.

Горан Пандев и Џенова вчера со 3:0 ја совладаа Верона и си го обезедија опстанокот во Серија А. Учиникот на Пандев во големата победа е значаен, му асистираше на Антонио Санабрија при пстигнување на вториот гол.

Опстанокот на Џенова во Серија А значи дека и наредната сезона ќе се игра најсторото фудбалско дерби во Италија, „Дерби дела Лантерна“ помеѓу Џенова и Сампдорија.

Дерби дела Лантерна/фото: Nordic Stadiums

Првиот натпревар помеѓу двете екипи од Џенова се одиграл пред дури 118 години, во 1902 година,а Самдорија тогаш настапуваше како Андреа Дорија. Под тоа име одигра 49 натпревари против Џенова и победи само во осум.

Потоа тој клуб се фузира со Сампјердаренезе со што настана Сампдорија и започна нова ера во градското ривалство.
Моментниот скор во сите конкуренции,вклучувајќи ги и пријателските натпревари  е во корист на Сампдорија – 144:126.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот