ВИДЕО: Никола Митревски во Топ 5 најдобри одбрани на колото во ракометната Лига на шампионите

фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Никола Митревски беше еден од најзаслужните за првата победа сезонава на Порто во ЕХФ ракометната Лига на шампионите.

Македонскиот голман блескаше со своите одбрани на домашен терен против романскиот клуб Динамо Букурешт.

После секое одиграни коло вообичаено Европската ракометна федерација ги објавува најдобрите пет одбрани.

Во изборот на ЕХФ повторно се наоѓа нашиот репрезентативен чувар на мрежата кој се наоѓа на петтото место.

Редоследно следуваат Лукас Сандел (Алборг), Емил Мадсен (ГОГ), Дилан Нахи (Келце) и на првата позиција е Алекс Влах (Целје).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот