ВИДЕО | Неверојатно е колку многу пораснал Арчи — Меган Маркл покажа ретка снимка од синчето
Меган Маркл сподели редок семеен момент на социјалните мрежи кој веднаш привлече големо внимание. Во кратко видео, таа го покажа синчето Арчи како учи да скија заедно со принцот Хари, а со објавата не криеше колку е горда.
Препорачано
– Моите момчиња. Олдичен ученик, Арчи! Толку сум горда – напиша таа покрај видеото.
Објавата веднаш предизвика низа реакции бидејќи Меган и Хари многу ретко споделуваат вакви сцени од приватниот живот на своите деца. Затоа оваа објава има посебна тежина, особено затоа што го прикажува Арчи во момент во кој јасно ја следи љубовта на својот татко кон зимските спортови. Многумина забележаа и колку малиот пораснал од последната објавена фотографија.
Видеото од тренингот на снегот доаѓа само еден ден откако Меган беше видена како купува велигденски подароци за принцот Арчи и принцезата Лилибет. Според медиумите, таа избирала играчки и ситници за велигденски кошнички во локална продавница во Монтесито, не само за своите деца, туку и за нејзините кумови.
Информиран извор рекол дека таа останала во продавницата некое време, разговарајќи со персоналот и внимателно избирајќи подароци. Меѓу купените артикли наводно биле картички со „Магичен зајак“ и „Морски мајмуни“ издадени од „Магичен замок“.
ВИДЕО+ФОТО | Вилијам и Хари повторно еден покрај друг: Кејт и Меган во црно од глава до пети


