ВИДЕО: Неверојатна партија на Вучевиќ
Црногорецот продолжува со одличните игри во дресот на Орландо меџик сезонава, и очекувано беше прво име во победата на неговиот тим над Детроит од 105:96.
Препорачано
Никола Вучевиќ натпреварот го заврши со 37 поени и 12 скокови и седми пат сезонава постигнува повеќе од 30 поени на еден натпревар. Вучевиќ ја искористи одлуката на тренерот на Детроит во последната четвртина да игра без класичен центар, и постигна 15 поени со кои ги реши дилемите околу победникот.
Во дербито на вечерта, Бруклин нетс со 112:108 го совладаа ЛА клиперс и дојдоа до шестата победа по ред. Ова беше втор дуел на овие екипи и по втор пат слави Бруклин кој се уште игра без Кевин Дурент.
Бруклин во последната четвртина влезе со предност од 15 поени, но Клиперси предводени од Џорџ и Ленард успеаја да се вратат во во игра во последната минута и израмнија на 108:108, но завршниот удар го зададоа гостинските кошаркари со мини серија од 4:0 со која ја обезбедија победата. Џејмс Харден со 37 поени, 11 скокови беше прво име во победата, Кајри Ирвинг додаде 28 поени, додека кај Клиперси, Пол Џорџ постигна 34 поени, а Каваи Ленард 29 поени и 13 скокови.
Во дербито на Истокот, Торонто со 110:103 ја совлада Филаделфија благодарение на 23 поени на Паскал Сијакам.
Атланта хоукс со 123:115 го победи Денвер нагетс, а јастребите до победата ги предводеше Тре Јанг со 35 поени и 15 асистенции. Кај Денвер потфрли Никола Јокиќ кој имаше 15 поени и 10 скокови.
Резултати:
Кливленд – Оклахома сити 101:117
Њујорк – Минесота 103:99
Орландо – Детроит 105:96
Торонто – Филаделфија 110:103
Атланта – Денвер 123:115
ЛА Клиперс – Бруклин 108:112
Милвоки – Сакраменто 128:115


