Фото: Screenshot

ВИДЕО | Непромислен потег на Јанис: Без причина силно удри соиграч

Кошаркарската репрезентација на Грција славеше против Црна Гора со 69:61 во подготвителен натпревар за претстојниот Евробаскет, но наместо триумфот, јавноста зборува за несекојдневна сцена по завршувањето на мечот.

Иако не настапува на пријателските натпревари поради повреда, ѕвездата на Милвоки бакс, Јанис Антетокумбо, е редовно присутен покрај репрезентацијата и дава морална поддршка од клупата. Така беше и вчера во Солун.

По крајот на натпреварот, додека кошаркарите на Грција се гушкаа и славеа на теренот, Јанис, сосема неочекувано со силен удар со отворена дланка го удри својот соиграч од репрезентацијата, Јанулис Ларензакис.

Уште поголемо изненадување предизвика реакцијата на бекот на Олимпијакос, кој стоеше мирно, без никаква емоција, како ништо да не се случило.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот