ВИДЕО: Недоволни 54 поени на Јанис против Индијана, Тре Јанг блескаше во победата на Атланта

Јанис Адетокунбо („Милвоки бакс“)/ фото: EPA-EFE/TANNEN MAURY

Два нови натпревари беа одиграни во најсилната кошаркарска лига на светот (НБА), а триумфи остварија екипите на Индијана и Атланта.

Пејсерси го совладаа Милвоки со 126:124 за трета победа во низа. Пејсерси беа предводени од Тајрис Халибартон со 29 поени, 10 асистенции и шест скокови.

За Бакси недоволна беше одличната партија на Јанис Адетокунбо кој постигна 54 поени и 12 скокови. Грчкиот интернационалец шутираше 19/25 од игра и 16/18 од линијата за слободни фрлања, но имаше и осум загубени топки.

Атланта славеше минимално со 120:119 против Орландо, најефикасен кај Хокси беше Тре Јанг кој доминираше со 41 поен, осум скокови и три асистенции од кои имаше една и до Дежонте Мареј кој ја постигна одлучувачката тројка на 31 секунда пред крајот на мечот.

Кај поразените се истакна Џејлен Сагс со 21 поен (шест украдени топкиа), следен од Паоло Банкеро кој запиша 17 поени, осум скокови и четири асистенции.

Во Источната конференција Индијана е третопласирана со учинок од шест победи и три порази, веднаш пред Атланта (5-3) и Милвоки (5-3), додека Орландо е на осмата позиција (4-4).

НБА лига, резултати

Индијана пејсерс – Милвоки бакс 126:124
Орландо меџик – Атланта хокс 119:120

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот