ВИДЕО: Не помага ни чудесниот Очоа, Милан ги освои бодовите во Салерно

фото: EPA-EFE/MASSIMO PICA

Актуелниот шампион на Серија А, Милан ја совлада Салернитана со 2:1, а на голот на домашните се истакна Гиљермо Очоа, кој имаше неколку одлични интервенции.

Во 10 минута мрежата на домаќините за првпат се затресе, Тонали упати одлична топка, Очоа непотребно излета, а Леао го заобиколи и постигна гол.

Пет минути подоцна веќе беше 2:0. Тонали шутираше од далечина, Очоа го запре неговиот удар, но италијанскиот репрезентативец се поправи по додавањето на Дијас.

Во 58 минута Дијас постигна гол, но истиот беше поништен поради офсајд. Домашните играчи успеаја единствено да го ублажат поразот преку Бонацоли (83`) по асистенцијата на Л. Кулибали.

Со истиот резултат Сампдорија триумфираше на гостувањето кај Сасуоло. На табелата Милан е на второто место со 36 бодови, пет помалку од водечкиот Наполи на Елиф Елмас со напомена дека составот на Лучано Спалети имаат еден меч помалку.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот