ВИДЕО | Најпознатата песна на Милан Радуловиќ Лаќа крие болна тајна!

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Милан Радуловиќ Лаќа ненадејно почина во Израел, а јавноста беше шокирана од веста. Сите со неверување се сеќаваат на неговите зборови и дела.

Текстописецот Милан Радуловиќ Лаќа, син на легендарната Марина Туцаковиќ, отворено зборуваше за своите проблеми со наркотиците. Извесен период помина и на рехабилитација, а во тешката борба најмногу му помогна работата на песните. Тогаш е создаден големиот хит „Adio amore“, кој го потпиша со својата мајка.

Меѓутоа, многумина мислат дека станува збор за љубовна песна, а всушност, се работи за нешто сосема друго. Создадена е во текот на најтемните моменти на Лаќа, кога решил да се победи себеси и да се одвикне од забранетите супстанции.

Имено, рефренот на песната што ја испеа раперот Стефан Ѓуриќ Раста, Лаќа го напишал додека бил на лекување, но никако не можел да состави строфа. Кога се вратил дома од лекувањето, Марина му помогнала да ја заврши и песната му ја дале на познатиот српски рапер.

Делот со многу емотивни зборови всушност ја претставува состојбата на Марина, додека Милан имал големи проблеми со наркотиците, а гласи:

„Сврти ми го грбот, да не ги гледам солзите во тие зеници, да не ги гледам усните како се кочат, додека ми велиш: ‘Да, јас сум добро’. Сврти се, а со своите погледи повеќе не знам да владеам, додека од раката ми паѓа чаша од кристал, која се крши, се крши како нас.

Адио аморе, сè уште те сакам многу, иако одамна го изгуби сјајот. Те гледам како полека се рушиш. А кога ќе го видам тоа, тогаш се рушам и јас. Адио аморе, сѐ уште многу те сакам, сѐ уште си детето од сонот. Никогаш нема да се разделам со тоа. Ти некој друг одвлечи до дното“.

Трагичната судбина на Марина Туцаковиќ и нејзините синови

„Се допишувавме пред 15-20 дена“: Дарко Димитров шокиран по веста за смртта на Лаќа

ФОТО | „Се извинувам што ве навредив како сопруга и мајка“: Лаќа пред смртта и испратил порака на Карлеуша

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот