ФОТО | „Се извинувам што ве навредив како сопруга и мајка“: Лаќа пред смртта и испратил порака на Карлеуша

Фото: Принтскрин - Инстаграм / Твитер

Веста за ненадејната смрт на текстописецот Милан Лаќа Радуловиќ го потресен регионот. Голем број балкански ѕвезди се простија од наследникот на Туцаковиќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Karleuša (@karleusastar)


Преку емотивна објава на инстаграм, поп-ѕвездата Јелена Карлеуша се прости од младиот текстописец, објавувајќи ја последната порака од Лаќа која и ја испратил од Израел, каде е пронајден мртов.

Фото: Принтскрин – Инстаграм

„Предлагам средба кога ќе се вратам од Израел, јас и ти, без околни елементи. Исто така, се извинувам за секој збор што ве навредив, како сопруга и мајка“ – пишува во пораката што синот на покојната Марина Туцаковиќ и ја испратил на Карлеуша.

Јелена со емотивни зборови истакнала дека сè му простила на Радуловиќ и дека сите ќе ги слушнат последните песни што ги напишал.

„Почивај во мир, драг Лаќо, далеку од „крвавите солзи“ (името на последната песна што ми ја напиша), од несреќа, тага и болка. Разбрав сè и простив сè… И ќе ја задржам оваа твоја последна порака, како и последните пораки на Марина. Не грижи се, сите ќе ги слушнат последните песни што си ги напишал и сите ќе разберат дека си бил неверојатно талентиран син на мајка ти… Талентиран, но роден за друг свет, друга димензија. Последно збогум“ – напишала пејачката во описот на објавата.

„Се допишувавме пред 15-20 дена“: Дарко Димитров шокиран по веста за смртта на Лаќа

Трагичната судбина на Марина Туцаковиќ и нејзините синови

ФОТО | Твитал и уживал со пријателите: Последните часови од животот на синот на Марина Туцаковиќ

Синот на Марина Туцаковиќ проговори како дознал за смртта на мајка си: Пишував текст кога ми јавија дека починала…

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот