Синот на Марина Туцаковиќ проговори како дознал за смртта на мајка си: Пишував текст кога ми јавија дека починала…

марина туцаковиќ
Фото: Принтскрин / Instagram

Милан Радуловиќ Лаќа, синот на починатиот текстописец Марина Туцаковиќ, која ги напиша некои од најголемите хитови на овие простори, проговори за нејзините последни моменти, но и како ја поднел веста за нејзината смрт.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Adem Eve (@adem.eve)

Имено, Марина Туцаковиќ почина на 19 септември по долгата битка со карциномот.

Марина последните денови пред смртта беше префрлена во болница поради влошена состојба поради коронавирусот.

„Бев подготвен за најлошото. Шансите не беа добри. Бев свесен дека Марина се откажа во таа борба. Не постои начин на кој можеш да се избориш за понатамошниот живот. Она што ми помогна беа луѓето со кои разговарав во тој момент, а кои беа поддршка. Верував дека сепак може да се случи чудо. Веста дека таа починала ја добив додека пишував текст. Тој ден реков – „Добро, ова може да потрае, можеби ќе се случии  чудо, тогаш тоа беше празник кога се случуваат и чуда, ако се молите за нечие излекување – сепак чуда не се случуваат секогаш“, рече Лаќа и додал:

„Пишував текст со колешката по телефон, пристигна веста за смртта, бев прилично смирен. Шокот ми дојде по неколку дена. По мене дојде мојот најдобар пријател, за жал, не можев да одам кај татко ми затоа што беше позитивен на ковид, тоа ми беше најтажно. Јас му ја кажав веста по телефон. Разговорот беше многу реален и рационален. Рековме, ајде да преспиеме па да видиме што да правиме. Се обидовме да спиеме. Не комунициравме многу. Нему состојбата поради ковидот му беше полоша, па одлучивме погребот да го поместиме за 10 дена, кога тој нема да биде заразен за да може да присуствува на погребот“, раскажал синот на Марина.

 

Туцаковиќ во својата кариера соработуваше и е одговорна за успешните кариери на многу локални личности како Цеца, Оливер Мандиќ, Драгана Мирковиќ, Јелена Карлеуша, Лепа Брена, Весна Змијанац, Здравко Чолиќ, Тоше Проески, Жељко Самарџиевиќ, Северина, Неда Украден, Слаѓана Милошевиќ итн.

Нејзината последна желба беше да биде погребана покрај нејзиниот син Милош, а не во Алејата на заслужните граѓани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот