ФОТО | Твитал и уживал со пријателите: Последните часови од животот на синот на Марина Туцаковиќ

Фото: Принтскрин - Твитер

Милан Радуловиќ Лаќа беше професионална слика и прилика на своите познати мајка и татко. Освен како успешен текстописец, Лаќа, како и неговиот татко Александар Радуловиќ – Фута, беше талентиран за продукција и аранжман на песни, а уште од мали нозе ѝ помагаше на мајка си при големите хитови како „Автограм“ на Цеца и „Ајде иди“ и „Сто пута“ на Здравко Чолиќ.

Синот на Марина Туцаковиќ е пронајден мртов на улица во Тел Авив, Израел, соопштија денеска српските медиуми. Лаќа во декември одлучил да отпатува за Израел, каде што поминувал време со своето друштво.


Оние кои се дружеле со него, како и пријателите од Белград, кои биле во контакт со Лаќа, истакнуваат дека тој цело време бил ведар и насмеан. Често одел со пријателите на забави и вечери во Израел.


Во прилог на тоа одат и неговите последни објави на неговиот профил на Твитер. Имено, Милан Лаќа последен пат се огласил на социјалната мрежа Твитер на 12 декември (токму кога било пријавено неговото исчезнување во Израел) кога цитирал стих од популарната песна на Светлана Цеца Ражнатовиќ „Кожа памти“ напишана од неговата мајка Марина Туцаковиќ.

„Без имиња, само без спомени!“, ја цитирал Лаќа.

Претходните неколку објави ги објавил во истиот ден од Израел и нагласил дека се наоѓа токму таму.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот