ВИДЕО: Наполи славеше против Висла, Елмас изнуди пенал

„Наполитанците“ загубија дури со 5:1 од тимот на Беневенто/Фото: EPA-EFE/LUKAS BARTH-TUTTAS

Денеска во пријателски натпревар како подготовка за новата сезона составот на Наполи триумфираше против Висла со резултат 2:1.

Полската екипа успеа да дојде во водство уште во шестата минута со голот на интернационалецот од Костарика, Браун.

Во 29 минута македонскиот репрезентативец Елиф Елмас изнуди пенал откако беше фаулиран во казнетиот простор на Висла.

Пеналот не успеа да го реализира Политано, односно неговиот удар го одбрани Биегански.

Политано сепак успеа да го поправи впечатокот и во 67 минута се погрижи за израмнување. Конечниот епилог за победа на „наполитанците“ го постави францускиот играч Машаш.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот