ВИДЕО: „Наострете ги мечевите и убијте ги сите“ – Хенри Кавил против нови чудовишта во втората сезона од серијата „The Witcher“

Фото: ПринтскринЈутјуб

Тизер трејлерот за втората сезона од серијата на Нетфликс „The Witcher“ претставува мешавина од снимки на Гералт (Хенри Кавил) во борбата со разни чудовишта од првата сезона, но и два нови непријатели со кои гледачите досега не се сретнале, пишува Collider.

– Ова не е трик, постојат две закани кои не очекуваат, пишува во видеото на Инстаграм профилот на серијата.

– Чудовишта големи и мали, наострете ги мечевите и убијте ги сите… Ако можете да ги пронајдете, велат од продукцијата на својот Твитер профил.

Белиот волк (Гералт) ја сфаќа Ноќта на вештерките како свој личен предизвик. Отворете ги очите широко… не сакате да го пропуштите скриеното, гласеше соопштението на Јутјуб.

Ќе ви помогнеме, новите чудовишта се наоѓаат на 00:15 и 00:31. Дали ги забележавте?

Втората сезона ќе продолжи таму каде што запре првата – Ќе видиме како Џенифер се опоравува од повредите со кои се здоби во Битката за брдото Соден, а Гералт и Сири заедно ќе тренираат во неговиот дом каде Сири ќе ги развие своите магични способности.

Премиерата на втората сезона од „The Witcher“ е закажана за 2021 година на Нетфликс стриминг платформата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот