ВИДЕО | Најтешка разделба – фалангата со песна и аплауз ги награди македонските ракометарки

Најдобрите македонски ракометарки на Европското првенство 2022/фото: facebook.com/rfmofficial/РФМ

Македонската женска ракометна сениорска репрезентација го заврши настапот на Европското првенство во прелиминарната фаза со три порази.

Публиката во сите натпревари ја даваше потребната поддршка од трибините во СЦ „Борис Трајковски“ – Скопје за избраничките на селекторот Љубомир Савевски.

По поразот од Романија, верните фанови, љубители на ракометот и спортот со огромен аплауз ги поздравија македонските ракометарки.

– Разделба со фалангата: Најтешка!! Се гледаме на секое следно големо натпреварување. Ветуваме!! Со срце за Македонија – стои во објавата на РФМ на официјалната фејсбук страница.

Следен предизвик за македонската репрезентација ќе биде да обезбеди пласман на Светското првенство 2023 во Данска, Норвешка и Шведска, а благодарение на настапот на ЕП 2022 ќе игра само еден бараж и ќе биде сместена во првиот шешир. Можни ривали ни се Австрија, Чешка, Грција, Исланд, Италија, Косово, Португалија, Словачка, Турција и Украина.

ЕП, Дабевска: Се надевам дека Македонија ќе биде подобра на следните натпреварувања

Норвешка, Франција и Црна Гора стартуваат со четири бодови во главната фаза на ЕП

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот