Напаѓач во Швајцарија / Фото: принтскрин Х

ВИДЕО | Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

Најмалку четири лица се ранети утрово во напад со нож на железничка станица во северна Швајцарија, соопшти локалната полиција, објави „Еуроњуз“.

Осомничениот напаѓач, идентификуван како 31-годишен швајцарски државјанин, е уапсен.

Инцидентот се случил на железничката станица Винтертур наутро кратко по 8:30 часот. Трите повредени лица, на возраст од 28, 43 и 52 години, биле однесени во болница на лекување. Швајцарскиот весник „Блик“ објави видео снимка на која се гледа како маж истрчува од железничката станица и извикува „Алаху акбар“.

Во полициското соопштение се вели дека полицајците работат на откривање на мотивот за нападот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот