ВИДЕО: Најдобрите ММА нокаути во 2020 година

принтскрин

Специјализираниот интернет сајт MMAmania.com направи листа од пет најдобри нокаути во 2020 година во светот на мешаните боречки вештини.
Конкуренцијата сигурно ќе беше поголема доколку пандемијата на коронавирусот не откажа голем дел од приредбите.

На петтото место се најде нокаутот на Франсис Нгану за само 17. секунди против Жаирзињо Розенструк.
Во борбата на двајца нокаутери каде силата беше одлучувачки фактор, пресуди еден удар на Нгану.


На четвртото место се наоѓа нокаутот на Коди Гарбрант против Рафаел Асунсао каде беше пресуден само еден удар.


Мамед Халидов се смета за еден од најдобрите борци надвор од УФЦ и тој тоа го докажа против Скот Аскем.

Калидов дури седум години немаше пораз во ММА борбите, а потоа еден од поразите го доживеа од Скот Аскем. Но, во реваншот Халидов покажа дека и со 40 години се уште е мајстор и со летечки удар го нокаутира Аскем.

На второто место на најдобри нокаути се наоѓа Кевин Холанд кој го изненади УФЦ ветеранот Роналдо Жакаре Соуса. Холанд во клучниот момент иако се наоѓаше во подредени позиција во октагонот, успеа да се ослободи и со изненадувачки удар да го нокаутира Соуса.

 

Најдобар нокаут на годината во ММА светот е тој на Жоакин Бакли во неговата втора борба во УФЦ. Бакли на неверојатен начин го нокаутира својот противник Импа Касанганај.

Бакли упати мидл кик со левата нога, но противникот го препозна неговиот план и му ја фати ногата. Во тој момент Бакли од свртување со десната нога му зададе силен удар во вилицата на својот противник и го испрати на спиење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот