ВИДЕО: На турскиот потпретседател му се слоши за време на самит за сајбер безбедност

На турскиот потпретседател Фуат Октај му се слоши поради низок крвен притисок додека држеше говор што се пренесуваше во живо на националните телевизии.

На нимката која се шири на Твитер се гледа како тој почнува да ги меша зборовите, а потоа прави подолга пауза, по што интервенираше обезбедувањето.

Турските медиуми известија дека Октај бил пренесен во болница каде му бил измерен низок крвен притисок.  Потпретседател подоцна се вратил на самитот и им се заблагодарил на присутните.

„Како што велат докторите, мислам дека тоа е поради несоница и замор. Ви благодарам на разбирањето“, изјави Октај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот