ВИДЕО: МЗТ Скопје елиминиран во четвртфиналето од Младост Земун!

Фото: ABA League/Dragana Stjepanovic

Во ревашнот од четвртфиналниот плеј-оф во АБА2 лигата денеска МЗТ Скопје Аеродром триумфираше со 92:86 против Младост Земун во салата „Морача“, Подгорица.

Но, тоа не беше доволно за пласман во полуфиналето, бидејќи противникот на првиот меч славеше убедливо со 95:75. Така, македонската екипа пропушти уште една шанса да биде дел од првата АБА лига.

За „металците“ доминираа Гравет и Карачиќ со по 21 поен, а 17 реализираше Олуџоби.

На спротивната страна 14 поени запиша Гомболд, а по 10 имаа дури пет кошаркари, Мичел, Дрешел, Белиќ, Танасковиќ и Прља.

На видео записот можете да ги погледнете најинтересните моменти од денешната средба:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот