ВИДЕО: Муслиу доби црвен картон по само осум минути игра во дебито за Падерборн

фото: instagram.com/scp07_official

Стартуваше новата сезона во втората Бундеслига во која ќе настапува македонскиот репрезентативец Висар Муслиу кој одлучи да ја продолжи кариерата во редовите на Падерборн.

Нашиот дефанзивец започна како стартер на гостувањето кај Гројтер фирт, но неговото деби се покажа како неславно.

По само осум минути игра Муслиу доби црвен картон и предвреме мораше да го напушти теренот. Прво доби опомена од главниот судија со жолт картон, а по прегледувањето на ВАР снимката, беше променета одлуката, и му беше покажан директен црвен. Видеото можете да го погледнете ТУКА

Ваквата предност на теренот ја искористија домаќините кои постигнаа три гола во првото полувреме.

Два гола постигна Лемперле, еден Хргота, а во вториот дел во листата на стрелците се запиша и Зиеб за 4:0 по 65 минути игра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот