ВИДЕО | Муртезани: Човечки фактор не е причина за дефектот, туку испад на далекувод и пожарот потоа

Орхан Муртезани, генерален директор на АД МЕПСО/Фото: Слободен печат

Голем дефект на далновод причина за пожарот поради кој Скопје, делови од Штип, Свети Николе и други населени места вчера попладне останаа без струја.

Причините сѐ уште не се утврдени, но МВР ги проверува снимките од безбедносите камери поставени во близина на местата каде што се случија дефектите.

Екипите на МЕПСО веднаш излегоа на терен и за неколку часа беше воспоставено повторно снабдување со електрична енергија во поголем дел од населените места, а вработените во компанијата останаа доцна во ноќта да работат на целосно отстранување на дефектот.

-Испад на далекуводот, трафостаницата Скопје 4 кон трафостаница Бунарџик и пожар во близина на трафостаницата беше причина за прекин со снабдувањето на електрична енергија, вели генералниот директор на АД МЕПСО Орхан Муртезани за Утрински брифинг.

Тој објаснува дека овие фактори условиле испаѓање од погон на двата 400 киловолтни трансформатори.

-Диспечерите на диспечерскиот центар во АД МЕПСО експресно, во краток рок, воспоставија напон во најголем дел од населените места и за неполн час поголеми делови во Скопје се снабдуваа со електрична енергија, рече Муртезани.

Тој додаде дека заштитата на трансформаторите како најскап елемент во трафостаницата е многу осетлива и има основна цел да ги штити трансформаторите од оштетување на надворешни куси врски.

-Струјата на куса врска, на далеководот Бунарџик на кој вчера имаше дефект, може да достигне до 100 илјади пати поголема вредност од струјата во нормална напонска состојба. И за да се прекине таа струја треба да се исклучи напојувањето на двете страни од далеководот, објаснува Муртезани.

Според него исклучена е можноста човечки фактор да е причина за дефектот кој вчера го остави главниот град без струја.

-Според експертското мислење на службите, станува збор за дефект која се појавува одвреме навреме и минимални се шансите причина за дефектот да биде човечки фактор, бидејќи последиците можат да чинат човечки живот. Се работи за стандареден дефект кој се појавува одвреме на време, дециден е Муртезани.

Тој објасни дека екипите на МЕПСО до доцна ноќеска работеле на терен и во  3.30 по полноќ пуштен е напонот на далеководот Скопје 4 – Бунарџик, и сега цело Скопје има електрична енергија.

-Дојави за штети, до овој момент, нема, рече Муртезани.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот