„Треш“ - Фото: Инстаграм/filmesdokacic

ВИДЕО | Најгледаниот филм на „Нетфликс“ е под жестоки критики, гледачи тврдат дека е плагијат

Новиот филм на „Нетфликс“ со наслов „Треш“, кој за рекордно време се искачи на врвот на листите по гледаност ширум светот, предизвикува контроверзии – дел од гледачите го обвинуваат режисерот за плагијат и тврдат дека филмот е „очигледна копија“ на еден постар филмски хит.

На популарниот сајт „Rotten Tomatoes“, филмот доби катастрофални оценки – позитивно го гледаат само 27 отсто од публиката и 41 отсто од критичарите. На социјалните мрежи, особено на Редит, луѓето се уште поостри во своите коментари, велејќи дека сценариото на филмот личи како напишано од вештачка интелигенција.

Главната замерка е дека „Треш“ е речиси идентичен со филмот „Плен“ од 2019 година. Дејството е речиси пресликано, ликови заробени во поплавени куќи за време на силна бура, обиди за преживување со качување по мебел и покриви и криење од предатори во водата. Единствената разлика, според гледачите, е што алигаторите се заменети со ајкули.

За што се работи во филмот?

Приказната го следи ударот на ураган од петта категорија кој предизвикува огромни поплави во крајбрежен град. Водата на улиците носи опасни ајкули, а меѓу жителите кои се борат за живот се трудницата Лиса која ја глуми Фиби Дајневор и агорафобичната Дакота, Витни Пик.

Иако актерската екипа е звучна и вклучува имиња како Џимон Хонсу, тоа не беше доволно за да ги смири фановите кои сметаат дека филмот не понудил ништо оригинално.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот