ВИДЕО | Mинесота со пресврт до победа за израмнување, Денвер загуби на домашен терен
И покрај убедливото водство од 19 поени, Денвер доживеа неочекуван пораз на домашен терен од Минесота во првата рунда од НБА плејофот.
Препорачано
Гостите триумфираа со 119-114, со што успеаја да ја одземат предноста на домашен терен во серијата. Нагетс имаа контрола во втората четвртина, кога поведоа со 44-25, но таа предност брзо се стопи, Минесота до средината на периодот не само што ја анулираше разликата, туку и накратко поведе со 49-48.
Во последната четвртина, Денвер повторно се одлепи на пет поени предност, но завршницата им припадна на гостите. Наместо очекуваниот налет на домашниот тим поттикнат од публиката, се случи спротивното, Ентони Едвардс ја презеде одговорноста и беше клучниот фактор за победата. Во исто време, Никола Јокиќ и Џамал Мареј потфрлија во најважните моменти, со неколку промашувања, загубени топки и недоволна агресивност.
Едвардс го заврши натпреварот со 30 поени и 10 скока, покажувајќи лидерство кога беше најпотребно. Мареј исто така постигна 30 поени, додека Јокиќ беше блиску до трипл-дабл со 24 поени, 15 скока и 8 асистенции. Сепак, разликата ја направи играта во клучните моменти, каде што Минесота беше посмирена и поконкретна.
🏆 PLAYOFF BRACKET 🏆
▪️ Cavs take a 2-0 series lead
▪️ Hawks win on the road, tie the series 1-1
▪️ Wolves win on the road, tie the series 1-1The NBA Playoffs presented by @Google continue Tuesday with 3 games on NBC and Peacock! pic.twitter.com/NRTmu8aQ1W
— NBA (@NBA) April 21, 2026
РЕЗУЛТАТИ
Кливленд – Торонто 115-105 (2-0)
Њујорк – Атланта 106-107 (1-1)
Денвер – Минесота 114-119 (1-1)


