ВИДЕО: Милевски го имаше првиот собир, селекторот ги пречека репрезентативците

Се кројат плановите за новите квалификациски мечеви за СП/Фото: Принтскрин/facebook/ФФМ

Како што и се најавуваше, новиот селектор на македонската А репрезентација Благоја Милевски го имаше собирот вечерва во хотелот „Хилтон“ во Скопје по повод новите три натпревари од квалификациите за Светското првенство 2022 година во Катар.

„Црвено-жолтите“ кои стартуваа со шест бода од три меча, на 2 септември на Националната арена „Тодор Проески“ ќе ја пречекаат Ерменија, па три дена подоцна ќе гостуваат во Рејкјавик против Исланд, а на 8 септември се домаќини на Романија.

Милевски веќе го објави списокот на играчи, а во истиот се наоѓаат неколку дебитанти, повратници кои ќе се обидат да помогнат во обидот да се продолжи со добрите резултати во мундијалските квалификации.

Дел од репрезентативците ќе доцнат, односно се очекува после клупските обврски во следните денови да и се приклучат исто така на националната селекција.

На видео записот може да погледне дека веќе пристигнаа Бобан Николов, Дамјан Шишковски, Александар Трајковски, Кире Ристевски, Висар Муслиу, Даниел Аврамовски, Дарко Чурлинов, Бојан Миовски, кои му посакаа среќа и успех на Милевски на селекторската клупа.

Милевски го објави списокот на играчи за мечевите со Ерменија, Исланд и Романија

Видео на денот