ВИДЕО: Милан разочара во Реџо Емилија, голманот Мењан го спаси шампионот од пораз

Сасуоло одигра без голови со Милан/Реџо Емилија, Италија/30 август 2022/Фото: EPA-EFE/SERENA CAMPANINI

Фудбалерите на Сасуоло и Милан ремизираа вечерва на стадионот „Мапеи“ играјќи без голови во натпреварот од четвртото коло на Серија А.

„Росонерите“ не ја оправдаа фаворитската улога на теренот во Реџо Емилија, а домаќините пропуштија голема шанса да дојдат до бодовите.

Голманот на Милан, Мењан го спаси од пораз својот клуб во 23 минута кога го запре ударот на Берарди од белата точка.

Подоцна Берарди се повреди и мораше да го напушти теренот во болки. Милан тешко се закануваше кон голот на Консиљо, а во 90 минута влезе во сериозни проблеми кога Алесандро Флоренци при трчањето почувствува болка во задната ложа.

Повредата, која не делуваше наивно, го натера да ја напушти играта, а во дополнителните седум минути, Милан играше со играч помалку поради сите употребени замени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот