Христијан Мицкоски / Фото: Фејсбук / скриншот

ВИДЕО | Мицкоски го оцени денот во Давос како успешен – се сретнал со босанска претставничка, дискутирал за струјата и вештачката интелигенција

Премиерот Христијан Мицкоски преку видеоснимка ги раскажа неговите денешни активности на Светскиот економски форум во Давос. Мицкоски денот го оцени како успешен и опиша како се сретнал со претседавачката на Советот на министри на Босна и Херцеговина, а потоа имал и „многу билатерални средби“ со бизнисмени.

„Денот го започнавме со билатерална средба со Борјана Кришто, којашто е претседавач на Советот на министри на Босна и Херцеговина, а потоа го продолживме со многу билатерални средби со мултинационални компании коишто навистина значат многу во делот на бизнисот во светот“, вели Мицкоски во видеоизвештајот од Давос, без да го наведе името на барем некоја од познатите светски компании.

Премиерот додаде дека учествувал и на панел на кој се дискутирала вештачката интелигенција низ призмата на потребите од струја кои таа ги повлекува.

Мицкоски и министрите им се толку посветени на реформите за ЕУ, што и во недела се собрале да ги дискутираат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот