ВИДЕО | „Ми го уништи божиќниот дух“: „Мекдоналдс“ ја отстрани рекламата со вештачка интелигенција по ужасните критики
„Мекдоналдс“ ja отстрани божиќната реклама генерирана од вештачка интелигенција во Холандија, откако беше критикувана на интернет, пренесува „Гардијан“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Рекламата, насловена како „најстрашното време од годината“, прикажува сцени од божиќен хаос, со Дедо Мраз заглавен во сообраќаен метеж и холандски велосипедист полн со подароци кој се лизга во снегот.
А пораката? Повлечете се во ресторан на „Мекдоналдс“ до јануари и поминете ја празничната сезона.
Но, рекламата создадена со вештачка интелигенција од холандската дивизија на производителот на „Биг Мек“ предизвика ужасни критики на социјалните медиуми.
„Оваа реклама ми го уништи божиќниот дух“, рече еден корисник. „Добро отстранување на отпадот од вештачката интелигенција.“, објави друг.
„Мекдоналдс Холандија“ во соопштението изјави: „Божиќната реклама имаше за цел да ги прикаже стресните моменти за време на празниците во Холандија. Сепак, забележуваме – врз основа на коментарите на социјалните мрежи и меѓународното медиумско известување – дека за многу гости овој период е „најпрекрасното време од годината“.
Мелани Бриџ, извршна директорка на „Свитшоп филмс“, компанијата што ја направи рекламата, ја бранеше употребата на вештачка интелигенција во објава на „Линкдин“.
„Никогаш не станува збор за замена на занаетчиството, туку за проширување на кутијата со алатки. Визијата, вкусот, лидерството… тоа секогаш ќе биде човечко. И еве го делот што луѓето не го гледаат: часовите што беа вложени во оваа работа далеку го надминаа традиционалното снимање. Десет луѓе, пет недели, со полно работно време“, напиша таа.
Но, и тоа предизвика онлајн дебати.
Емлин Дејвис, од независната продуцентска компанија „Бомпер студио“, одговори на објавата на „Линкдин“: „Што е со луѓето што би биле во тоа, актерите, хорот? Десет луѓе на ваков проект се мала бројка во споредба со традиционалното снимање во живо.“
„Кока кола“ неодамна ја објави својата празнична реклама генерирана од вештачка интелигенција, и покрај тоа што минатата година доби негативни реакции, кога го направи истото.
Новата понуда на компанијата избегнува крупни планови на луѓе и претежно прикажува слики генерирани од вештачка интелигенција од слатки животни во зимска средина.


