Фото: EPA-EFE/Friedemann Vogel

ВИДЕО | Мбапе и Жиру испишаа историја, Франција лесно до четвртфинале

Жиру и Мбапе испишуваа историја, а Франција лесно против Полска стигна до четвртфиналето на Светското првенство 3:1.

Полска денес не беше закана за Французите, Франција беше подобрата репрезентација на теренот од самиот почеток. Првата голема прилика за Франција ја пропушти Жиру во 29. минута. Сепак, ако тогаш не реализираше Жиру, реализираше во десетина минути подоцна. Тој гол за Жиру беше 52. во репрезентацијата со што стана најдобриот стрелец на сите времиња пред Тиери Анри.

 

До крајот на полувремето не видовме нови погодоци, а Полска во вториот дел уште помалку се закануваше кон голот на Лорис. Прашањето на победникот беше решено во 74. минута кога Мбапе го постигна својот осми гол на Светските првенства и стана првиот играч кој дошол до таа бројка пред да наполни 24 години. Во судиското продолжение Мбапе стигна и до деветиот гол, тоа беше една мала мајсторија на францускиот голгетер.

Toчка на натпреварот беше ставена во последните секунди кога Роберт Левандовски од пенал го постигна својот втор гол на овој Мундијал.

Во четвртфиналето Франција ќе игра против подобриот од вечерашниот натпревар помеѓу Англија и Сенегал.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот