ВИДЕО: Маркета Вондрушова ја освои титулата на Вимблдон

фото: EPA-EFE/TOLGA AKMEN

Маркета Вондрушова е новата шампионка на тенискиот грен слем турнирот „Вимблдон“ во женска конкуренција. Чешката тенисерка е прва шампионка на „Вимблдон“ која не е носител на турнирот.

Вондрушова, која е 42 тенисерка во светот, денеска во финалето успеа да ја совлада Онс Жабер од Тунис со резултат 2:0 во сетови 6:4 и 6:4.

Тунижанката Жабер добро го почна првиот сет со предност од 6:2, но потоа нејзината противничка врза пет гема и го доби сетот за водство од 1:0.

Во вториот сет Вондрушова прва направи грејк, но потоа Жабер двапати беше подобра на сервис на чешката тенисерка и зголеми на 3:1.

Вондрушова возврати во следниот период, направи пресврт за 5:4, а потоа на свој сервис го освои следниот гем и конечни 2:0 во сетови.

За тенисерката од Чешка ова е прва грен слем титула, додека Жабер и по третото грен слем финале останува без грен слем трофеј.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот