Фото: EPA/ERIK S. LESSER

ВИДЕО | Мари и Јокиќ го водеа Денвер до победа над Јута

Кошаркарите на Денвер нагетс го обезбедија новиот триумф (128:125) во НБА лигата против Јута џез дури во самата завршница, со серија слободни фрлања во последните две минути, откако претходно испуштија водство од девет поени (106:97) во текот на последната четвртина.

Најефикасен во редовите на Денвер беше Канаѓанецот Џамал Мари со 45 поени (осум асистенции), следен од српскиот центар Никола Јокиќ со 22 поени, 12 скока и пет асистенции.

На спротивната страна за Јута, прв стрелец беше Кејонте Џорџ со 36 поени, додека Кајл Филиповски запиша 19 поени, осум скока и шест асистенции.

Денвер доби важен натпревар во борбата за плејофот и моментно го зазема петтото место на Западот со учинок од 38-24. Јута која е во низа порази, се наоѓа на 14 позиција (18-43).

НБА лига, резултати:

Вашингтон визардс – Хјустон рокетс 118:123
Милвоки бакс – Бостон селтикс 81:108
Јута џез – Денвер нагетс 125:128
Голден Стејт вориорс – Лос Анџелес клиперс 101:114

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот