Фото: EPA/ADAM VAUGHAN

ВИДЕО | Манчестер сити славеше на Ст. Џејмс Парк и со една нога е во финалето на Лига купот

Фудбалерите на Манчестер сити денеска го победија Њукасл со 2:0 на гостински терен во првиот натпревар од полуфиналето на Лига Купот.

Првото полувреме не донесе многу возбудувања, но во вторите 45 минути, играта полека се отвори. Сити поведе во 53 минута преку Семењо по асистенцијата од Бернардо Силва.

Њукасл играше поофанзивно по примениот гол, а казната за тоа можеше да дојде веќе во 63 минута. Семењо постигна уште еден гол, но беше поништен по интервенција од ВАР собата.

Потоа двата тима имаа шанси, но мрежите мируваа до деветтата минута од судиското продолжение кога Аит Нури со центаршут го пронајде Рајан Черки кој го постави конечниот епилог.

Реваншот ќе се игра на 4 февруари, а победникот од овој двомеч ќе игра со подобриот од втората полуфинална пресметка во која се соочуваат Челси и Арсенал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот