ВИДЕО | Манчестер сити славеше на Ст. Џејмс Парк и со една нога е во финалето на Лига купот
Фудбалерите на Манчестер сити денеска го победија Њукасл со 2:0 на гостински терен во првиот натпревар од полуфиналето на Лига Купот. Првото полувреме не донесе многу возбудувања, но во вторите 45 минути, играта полека се отвори. Сити поведе во 53 минута преку Семењо по асистенцијата од Бернардо Силва. Њукасл играше поофанзивно по примениот гол, а …

