ВИДЕО: Голем пресврт на „чеканите“ против Њукасл на „Ст. Џејмс Парк“

Успешен старт на Вест Хем во новата премиерлигашка сезона/Фото: EPA-EFE/Justin Tallis

Вест Хем во еден одличен натпревар денеска после пресврт успеа да го совлада Њукасл со 4:2 во рамките од првото коло во Премиер лигата.

Домаќинот рано поведе на стадионот „Ст. Џејмс Парк“ со голот на Калум Вилсон во петтата минута од средбата.

Израмнувањето стигна во 18 минута кога Кресвел реализираше за 1:1. До паузата нова предност за Њукасл донесе Марфи со глава после корнер од левата страна.

„Чеканите“ не се предадоа и до крајот на мечот успеаја да направат целосен пресврт. Во 53 минута за нов егал се погрижи Бенрахма, а во 63 минута Антонио не беше прецизен од белата точка, но Соучек ја врати топката во мрежата.

Само три минути подоцна Антонио ја исправи грешката и го постави конечниот епилог за голема победа на Вест на стартот од новата премиерлигашка сезона.

ВИДЕО: Кошмарен старт за Арсенал, планираше три, не освои ниту еден бод

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот