Кевин де Брујне е херојот на „граѓаните“ против „лисиците“/Лестер, Британија/29 октомври 2022/фото: EPA-EFE/TIM KEETON

ВИДЕО: Манчестер сити може и без Халанд – мајсторија на Кевин де Брујне против Лестер

Манчестер сити на гостувањето кај Лестер во натпреварот од 14 коло на Премиер лигата победи со конечен резултат 1:0.

Решавачкиот момент се случи во 49 минута, кога Кевин де Брујне изведе слободен удар од работ на шеснаесетникот и постигна одличен гол. Топката се одби од стативата и заврши во мрежата.

Мечот ја одбележа доминацијата на актуелниот шампион на Англија, кој во поголемиот дел од играта ја држеше топката во своите нозе. Лестер во текот на целиот дуел практично не успеваше да создаде некоја поголема шанса.

Така „граѓаните“ и без повредениот Ерлинг Халанд успеа да победи на традиционално тешкото гостување. Фудбалерите на Пеп Гвардиола се моментно првото место на табелата, со бод, но еден натпревар повеќе од второпласираниот Арсенал.

Играчите на Брендан Роџерс по двете врзани победи забележаа пораз, по што остануваат на 17 место на табелата. Во следното коло Сити го пречекува Фулам, а Лестер гостува кај Евертон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот