Фото: Ljubomir Dimovski/Instagram

ВИДЕО: Македонија има вистински фудбалски фанатик, гледал 211 натпревари во 32 различни земји, а вчера си доби дрес од Миовски

Фудбалот често пати знае да биде причина за необични приказни, а една таква доаѓа од Македонија и носи искрена навивачка страст кон играта.

Љубомир Димовски, вистински фудбалски вљубеник, веќе со години патува низ Европа и собира незаборавни моменти. Зад себе има импресивни 211 гледани натпревари, на 80 стадиони во 32 земји што се навистина бројки за респект.

Последните десет дена Димовски беше на „островска“ авантура, а како кулминација стигна дуелот меѓу Ренџерс и Брага во Лигата на Европа. Иако претходно чекорел по легендарните „Енфилд“ и „Олд Трафорд“, токму атмосферата на „Ајброкс“ ќе остане врежана во неговите сеќавања, а заслуги за тоа има и македонскиот напаѓач Бојан Миовски.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ljubomir Dimovski (@ljubomirdimovski)

Македонскиот репрезентативец го забележал својот сонародник на трибините и со едноставен, но голем гест му го разубавил денот: му пришол, се фотографирал со него, а потоа му го подарил дресот од натпреварот. Мал знак на внимание од страна на Миовски, но спомен што Димовски ќе го носи со себе уште долго.

Ова беше втора „островска“ тура на Димовски, во која успеа да гледа осум натпревари за само десет дена. Почна со тешката вечер за Македонија во Кардиф против Велс, а потоа ги следеше дуелите: Престон – Блекбурн 1-2, Бристол – Свонси 3-0, Шефилд Венсдеј – Шефилд Јунајтед 0-3, Манчестер Јунајтед – Евертон 0-1, Манчестер Сити – Баер Леверкузен 0-2, Ливерпул – ПСВ 1-4 и Ренџерс – Брага 1-1.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот